Ем-ти-ви награди: Спектакуларни настапи, многу ѕвезди и инцидент на црвениот тепих
Доделувањето на наградите на Ем-ти-ви оваа година се врати во вообичаениот формат – се одржа во живо од „Центарот Баркли“ во Бруклин (Њујорк, САД) во присуство на публика. Во август, инаку, телевизијата прослави 40 години постоење. Водителка овојпат беше Доџа Кет.
Церемонијата на доделување на Ем-ти-ви видео-музичките награди се одржа во неделата вечер, а спектакуларното шоу го отвори поп-иконата Мадона, која на сцената се појави пеејќи го својот хит „Вог“ од 1990 година.
Мадона (63) се појави на сцената во кожна комбинација со мрежасти холахопки и изјави:
-Рекоа дека нема да потраеме, а видете не сега – мислејќи на долгата историја што ја има со MTV.
Машин Ган Кели и Меган Фокс, како и Кортни Карадашијан со Тревис Баркер беа највпечатливите двојки што во целост го украдоа вниманието на црвениот тепих.
Кортни и Меган се појавија на сцената за да го најават настапот на своите момчиња и ги нарекоа: „идните татковци на нашите бебиња“.
На црвениот тепих се случи мал инцидент кога борецот Конор Мекгрегор (33) се обиде физички да се пресмета и ја фрли својата пијачка кон Машин Ган Кели. За среќа ситуацијата не ескалира, а прва измеѓу нив се најде Меган Фокс која успеа да го отргне своето момче.
Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер е прогласен за „Изведувач на годината“, од публиката го бодреше неговата сопруга Хејли Болдвин Бибер, на која особено и се заблагодари.
Контраверзниот рапер Лил Нас Екс (22) на црвениот тепих се појави си перика и во виолетова комбинација, всушност едната страна беше одело додека другата страна скроена како свечен фустан. Тој за својата песна „MONTERO (Call Me By Your Name)“ ја освои наградата за најдобро видео на годината.
Оливија Родриго ја освои наградата за „Поп-песна на годината“ и за „Најдобар нов изведувач на годината“.
На црвениот тепих се појавија и многу други sвезди од светот на музиката и шоу-бизнисот.