Сцена
Ема Стоун ја предводи листата на „Форбс“ за највисоко платена актерка во светот
„Форбс“ ја посочи добитничката на „Оскар“ Ема Стоун за највисоко платена актерка во светот.
Според рејтингот за 2017 година, објавен денеска на сајтот на весникот, ѕвездата од филмот „Ла ла ленд“ заработила во последната година 26 милиони долари.
Дваесет и осум годишната Стоун, која ја освои наградата „Оскар“ за најдобра актерка за улогата во мјузиклот, ја заработила оваа сума во периодот од јуни 2016 година до јуни 2017 година. Во неа не се земени предвид даноците на приход кои актерката ги платила или треба да ги плати.
На второ место е актерката Џенифер Анинстон, со приходи во износ од 25,5 милиони долари. Серијата „Пријатели“ продолжува да носи приходи на 48-годишната актерка, која исто така е рекламно лице на флаширана вода „СмартВотр“ и на авиокомпанијата „Емирати“.
Трета на листата е Џенифер Лоренс со 24 милиони долари, која бележи значителен пад во споредба со минатогодишните приходи од 46 милиони.
Актерката, која се бори за еднакви плати на мажите и жените во Холивуд, во рангирањето ги надмина Шарлиз Терон, Ема Вотсон и Мелиса МекКарти.
Десетте највисоко платени актерки во светот заработиле вкупно 172,5 милиони долари, што е за 16 проценти помалку од претходната година.