Сцена
Емилија Кларк во новиот филм „Војна на ѕвездите“
Емилија Кларк, ѕвездата на „Игра на троновите“ позната по улогата мајка на змејовите, ќе игра во новиот филм „Војна на ѕвездите“.
Се уште не е познато која улога и е доделена на Кларк.
Филмот е за времето пред оригиналните „Војна на ѕвездите“ односно за младоста на Хан Соло и запознавањето со Чуи.
Премиерата на филмот се очекува во 2018 година.