Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЕНЕРГИЧЕН НА СЦЕНА: Енрике Иглесиас ја освои публиката во „Борис Трајковски“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ФОТО: АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА

МК Сцена

ЕНЕРГИЧЕН НА СЦЕНА: Енрике Иглесиас ја освои публиката во „Борис Трајковски“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Борис Трајковски“ гореше од енергијата и забавата која вчеравечер ја приреди шпанскиот заводник Енрике Иглесиас. 

Иако доцнеше половина час, публиката трпеливо го чекаше моментот кога Енрике ќе се појави на сцената, и во еден момент светлата се изгасија и забавата започна.

Појавувањето на Енрике ја дигна 10.000 публика во „Борис Трајковски“ на нозе, а беше пополнето и последното место на трибините, додека во партерот се бараше простор повеќе за танцување.

13442706_1301730836521607_5892366508408865930_o[1]

ФОТО: Ѕвонко Плавевски

Енрике, како и секогаш, се појави енергичен на сцената и од стартот публиката знаеше дека ја очекува концерт на кој ќе се игра и пее од првата до последната песна. Се редеа хитовите „I’m freak“, „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not In Love“, „Hero“, „Tonight“, „Bailamos“, „I Like It“…

За журката во „Борис Трајковски“ да биде поголема, Иглесиас започна да се качува по трибините во салата, што ја доведе атмосферата до степен на лудило, а среќните фанови кои успеаја да дојдат до него имаа можност за фотографирање и пеење со шпанскиот пејач.

13516563_1301731406521550_6449051228795692875_n[1]

ФОТО: Ѕвонко Плавевски

Во еден момент Енрике се појави на другиот крај од арената, качен на импровизирана бина и пееше на публиката која беше најодалечена од сцената. Тој повеќе пати се поклони пред македонската публика, а додека го претставуваше бендот кој го прати на оваа турнеја, ја дигна чашката и рече „Наздравје, Македонија!“.

Одеднаш Иглесиас ја напушти сцената без поздрав и ја остави публиката збунета, по што повеќе пати беше повикан на бис, но организаторите започнаа со размонтирање на бината и ги вклучија светлата, што значеше крај на едноипол часовната забава.

ФОТО: Ѕвонко Плавевски

ФОТО: Ѕвонко Плавевски

Иако Енрике си замина без поздрав, од Авалон продукција информираат дека тој си заминал задоволен од Македонија и изјавил дека ова му бил најдобар концерт оваа година, а менаџментот и целата екипа биле шокирани од енергијата која Иглесиас ја вложи вчера. Тврдат дека публиката го понела и дека со сигурност ќе се вратат повторно во Македонија.

Авалон уште еднаш се докажа во организирањето на светски концерти во Македонија, со перфектни сценско-визуелни ефекти и технички напредно озвучување.

Инаку вечерва Македонија ја очекува уште еден концерт на светски познат изведувач. На бината во „Борис Трајковски“ вечерва настапува познатиот хитмејкер Џон Њуман, а концертот започнува во 20 часот.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.