Сцена
ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ: Алекс е мојата сродна душа „близначка“
Џенифер Лопез е годинешниот добитник на „Мајкл Џексон видео наградата“ за особен придонес во областа на музичките спотови и филмовите, со кои добитниците се претставуваат пред публиката. Лопез, освен што е пејачка е и глумица.
Таа, 11-минутниот музички микс настап по тој повод, го заврши со емотивен говор, заблагодарувајќи им се пред се на своите деца, близнаците Ем и Макс од бракот со Марк Ентони, и на своето сегашно момче – поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез.
– Алекс, ти си мојата душа „близначка“. Мојот живот е посладок и подобар со тебе, истакна Џенифер.
Тие двајца се заедно повеќе од една и пол година, и тој од самиот почетокот ја придружува секаде.
– Оваа кариера отсекогаш ми беше еден вид опсесија. Кога луѓето ќе речат дека правам многу работи одеднаш наместо само една, јас велам „зошто не?“, нагласи таа.