МК Сцена
Енрике Инглесиас пристигна во Скопје! (ФОТО)
Доцна вечерва во Скопје слета познатиот пејач Енрике Инглесиас, кој утре вечер ќе има голем концерт во Вип арената „Борис Трајковски“ во рамки на неговата турнеја „Sex And Love“.
Инаку денеска од Авалон продукција и официјално потврдија дека сите влезници за концертот се распродадени, а во арената се очекува да присуствуваат околу 10.000 луѓе.
Од таму велат дека Инглесиас имал скромни барања за неговиот престој во Скопје, а хотелот каде ќе спие не се открива на јавноста.
– Во однос на побарувањата, навистина е многу скромен. Тоа за него е споредно. Има високи побарувања кога е техничкиот дел во прашање. Тука се покажа како вистински професионалец. Токму затоа, сакаме да нагласиме дека, како и на Дејвид Гета, каде беше користена врвна технологија за сцена и звук, истите услови ќе бидат исполнети и за Енрике, како и за сите останати концерти, секако, во зависност од просторот и потребите – истакнуваат организаторите.
Инаку, Инглесиас планетарната слава ја доживува со плочата „Enrique“ четири години подоцна, додека следните албуми „Escape“, „Quizas“ и „Insomniac“ дополнително му ја зацврстија позицијата како еден од водечките пејачи на светската сцена.
Кралот на латино поп музиката, како што медиумите го нарекуваат Енрике, продал над 140 милиони албуми ширум светот, а исто така тој е еден од ретките изведувачи, чиј хит сингл „Bailando“ има преку милијарда прегледи на Јутјуб, кој му обезбеди и место во Гинисовата книга на рекордите.
Концертот на Енрике Инглесиас во Скопје кој ќе се одржи на 20 јуни во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“ е историски, затоа што за прв пат во Македонија доаѓа пејач којшто е од А листата на светски изведувачи, а суперексклузивен е затоа што капацитетот на салата во СЦ „Борис Трајковски“ (само 8000 карти ќе бидат пуштени во продажба) е убедливо најмал од сите простори кои Енрике во последниве десетина години настапувал низ светот.