МК Сцена
Есма одржа илјадници концерти, сними преку 600 песни и одгледа 48 деца!
Македонската јавност утринава беше шокирана од веста за смртта на, како што светот ја нарекуваше, Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова.
Таа почина по кратко и тешко боледување на 73 годишна возраст.
Есма ридена е во Скопје, потекнува од сиромашно работничко семејство, во кое царувале трите најважни светски религии еврејската, муслиманската и православната.
Есма и Стево одржале илјадници хуманитарни концерти во светот. Има добиено повеќе од 2.000 благодарници за хумано дело, затоа ја споредуваат со Мајка Терезa. Таа е најголем промотор на ромската, особено на македонската музичка приказна.
Со ансамблот „Теодосиевски“ престојуваше во многуте кризни подрачја во светот, зафатени со војни, природни катастрофи, епидемии, охрабрувајќи ги и духовно помагајќи им на луѓето да ја пребродат кризата. Одржала илјадници концерти насекаде во светот, околу шестотини композиции се трајно запишани на плочи, касети и компакт-дискови и отпеани на 20 јазици.
Има одржано илјадници концерти во живо, снимено преку 600 песни и посвоено и одгледано 48 деца.
Слава ѝ!