МК Сцена
„ЕТНО БАЛКАН“: Нов проект на бендот „Дримтим“ кој ќе ја одбележи 2018 година (ВИДЕО)
Вчеравечер во ресторанот „Воденица“, во друштво на преставниците на седмата сила, новинарите, но и нивните пријатели, Дримтим, еден од најуспешните домашни бендови, го промовираше нивниот најнов проект, кој всушност значи нова страница во нивната музичка кариера.
Проектот, како што велат, е нешто сосема поразлично од она што го имаат работено досега, па затоа и го нарекуваат нова страница и реализација на една уникатна идеја која ќе остави печат, односно ќе ја одбележи следната 2018 година.
Момците од Дримтим ја претставија првата нумера од проектот со наслов „Етно Балкан“ зад која како автори стојат С. Велков, М. Лубенов и С. Теодосиевски, а за која во истовреме премиерно ќе биде пуштено и видеото работено со ИН ТВ. За потребите на видеото кадрите се снимени на повеќе локации низ земјата, дел се направени во ресторанот Воденица, потоа кафулето Мартини, Етно село, Осоговска Планина, браната Калиманци, хотелот Ледер…
Интересно е дека првата нумера од проектот „Етно балкан“ е всушност еден неверојатен микс од музички парчиња во 11/8 ритам од македонскиот фолклор, има латино-ориентален дел, потоа композиција во поживо темпо во фанк ритам, има и дел со ориентални фрагменти комбинирана со латино-шпански мелос, соло и импровизации, како и една брза разиграна двојка со звуци од тракискиот предел и композиција повторно сso елементи од македонскиот фолклор, брзи и маестрални фрази во 7/16 ритам.
Во продолжение погледнете го официјалниот видео запис за „Етно балкан“: