Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Фанк Шуи“ – нови ексклузивци на Авалон продукција (ФОТО)

МК Сцена

„Фанк Шуи“ – нови ексклузивци на Авалон продукција (ФОТО)

Авалон продукција почнува соработка со младиот скопски бенд „Фанк Шуи“, кој постои седум години и комбинира различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. 

Денис Илиоски од Авалон продукција на денешната прес-конференција истакна дека следната година одбележуваат 25 години од постоењето. Авалон продукција ќе биде издавач, промотор и букинг-агент на „Фанк Шуи“ и истакнаа оти ќе го искористат своето искуство за да ги изнесат надвор од границите на Македонија.

На почетокот во групата членувале Лука Ѓоргиевски (вокал и гитара), Давид Николовски (тапани) и Стефан Стојанов (бас гитара), кој во моментов е на студии во САД, а на негово место се приклучил Михаил Намичев.

Ѓоргиевски најави дека пред нив е креативен период во кој ќе има создавање на многу нови дела и концерти. Членовите на групата изразија задоволство што ќе соработуваат со Авалон.

Досега имаат издадено два албума – „Етер“ во 2012 и „R.E.M“ во 2015 година. Во периодот меѓу двата албума, бендот го издал синглот „Огледала“, кој подоцна се нашол на вториот албум. По издавањето на вториот албум, ја снимиле песната „Архетип“, кој има свој видео запис.

„Фанк Шуи“ има настапувано на многу фестивали во Македонија, а во моментов работат на нова песна, која ќе се најде на новиот албум, кој треба да излезе во текот на 2018 година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.