Сцена
Ферги најавува нов албум
Американска пејачка и членка на групата „Блек ајд пиз“ Стејси Ен Фергусон, позната како Ферги, после повеќегодишна пауза се подготвува да објави албум и со тоа да ги израдува нетрпеливите обожаватели.
Соругот на Ферги, Џош Духамел откри дел од плановите на неговата сопруга за следната година.
– Таа ќе објави албум за десетина денови, но не можам да ви потврдам ништо официјално, рече Џош.
– Но, да, ќе објави цел албум, а потоа во почетокот на следната година планира да појде на турнеја. Еден од нас секогаш ќе биде дома, додека другиот е на пат, но ќе се усогласиме. Тоа е планот засега, објасни тој, наведувајќи дека еден од нив секогаш ќе биде со нивното дете.
Ферги својот втор студиски албум требаше да го објави во март, но објавувањето се одложи.
Таа неодамна настапи на фестивалот „Рок ин Рио“, каде го претстави новиот дует со Ники Минаж.
Албумот Double Dutchess е наследник на нејзиниот прв соло албум Dutchess од 2006 година.