Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФЕСТИВАЛ „ГОЛА МЕСЕЧИНА“: Бесплатни театарски претстави под отворено во Општина Аеродром

МК Сцена

ФЕСТИВАЛ „ГОЛА МЕСЕЧИНА“: Бесплатни театарски претстави под отворено во Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска го најави четвртиот по ред Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“.

Општина Аеродром, како што изјави градоначалникот Коневски, издвоила средства од својот Буџет за овој меѓународен фестивал со цел да го збогати културниот живот во општината и да ги развесели и разведри на граѓаните. Тој додаде дека огромниот интерес на граѓаните за досегашните претстави беше сигурен знак дека фестивалот треба да продолжи, а тој полека прераснува и во традиција.

Директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, пак, изјави дека задоволството ќе биде огромно доколку изборот на претставите и овојпат го погоди вкусот на публиката и како и до сега на 30-тината претстави што се одиграни на „Гола месечина“ со над 40.000 публика.

Таа нагласи дека фестивалот има натпреварувачки карактер и дека тричлена жири-комисија ќе додели награди за најдобра машка и женска улога, за најдобра режија и најдобра претстава.

Инаку, седумте претстави од Македонија и странство ќе се играат од 19-ти до 26-ти јуни, со почеток од 21:00 часот, на отворена сцена поставена во спортскиот центар „Ново Лисиче“, а влезот за сите претстави ќе биде бесплатен.

Фестивалот се отвора со претставата ЛАЖГОВЦИ ВО НЕВОЛЈА на Сатиричниот театар од Софија, а завршува со претставата ПРИКАЗНИТЕ НА ЗАБОРАВЕНИТЕ ПРЕДЦИ. Во рамки на фестивалот на истата сцена ќе се организира и бесплатен зумба час на отворено.

Ова е резултат на успешно спроведениот проект културно лето „Аеродром се смее“ во 2013 година што наиде на одличен одѕив кај публиката кога за претставите се бараше столче повеќе.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.