Сцена
Филмот на Алек Болдвин, на чие снимање беше убиена снимателка, наскоро ќе ја има својата премиера
Филмот „Rust“ ќе има премиера на полскиот филмски фестивал следниот месец, пишува CNN. Три години откако кинематограферката Халина Хачинс трагично почина на снимањето, светската премиера ќе се одржи на 23 ноември на фестивалот EnergaCAMERIMAGE, со панел дискусија со режисерот на филмот Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето, кинематографите Бјанка Клајн и Стивен Лајтхил, ментор на Халина од филмското училиште.
„Снимателите ќе разговараат за настаните околу филмот, нудејќи увид во продолжувањето на продукцијата по смртта на Халина. Одржувањето на нејзината уметничка визија, колку и да беше предизвик за целата екипа, беше важно за филмскиот тим бидејќи се надеваа дека ќе ја исполнат својата должност да ја завршат нејзината работа“, стои во објавата на проекциите.
„Rust“ е приказна за 13-годишно момче кое е оставено да се грижи за себе и за својот помал брат по смртта на нивните родители во Вајоминг во 1880-тите. Тој оди во бегство со својот одамна отуѓен дедо откако е осуден на бесење за случајно убиство на локален сточар. Болдвин нема да биде присутен на проекцијата.
Да потсетиме, Болдвин ја уби кинематограферката Халина Хачинс во 2021 година, а на сетот беше ранет и режисерот Џоел Соуза. Му се закануваше затворска казна до 18 месеци за убиство од небрежност. Актерот се изјасни за невин и изјави дека не знаел дека во пиштолот имало вистински куршум. Во јули оваа година тој беше ослободен од обвиненијата за убиство од небрежност.
Неколку месеци претходно, техничарката за реквизити Хана Гутиерез-Рид, задолжена за оружјето на филмскиот сет, која го наполнила пиштолот на актерот Алек Болдвин пред да застрела и убие снимателка, беше прогласена за виновна за убиство од небрежност.
Хана се соочуваше со обвинение за ненамерно убиство од небрежност, а и се судеше за наводно носење на вистински куршум за пиштолот Colt .45 на сетот на филмот.