Сцена
Форбс: Џенифер Лоренс е најплатена холивудска глумица
Актерката и оскаровка Џенифер Лоренс со 52 милиони долари овогодишна зарабувачка е најдобро платената холивудска глумица, пишува „Форбс“.
На второ место е Скарлет Јохансон со 35,5 милиони долари, а на трето комичарката Мелиса Макарти со 23 милиони долари.
весникот пишува дека само четири глумици заработиле повеќе од 20 милиони долари од своите актерски и други ангажмани, додека таа сума годинава ја заработил 21 глумец, што покажува колкава нееднаквост владее во Холивуд.
Претходно овој месец, беше соопштено дека најдобро платен актер годинава е Роберт Дауни Џуниор, со 80 милиони долари заработувачка.