Сцена
ФОРБС: Кети Пери најплатена пејачка во 2015 година
Американскиот магазин „Форбс“ објави листа на женски пејачки со најголема заработка во 2015 година, а на прво место се наоѓа Кети Пери.
Таа во првите десет месеци од годината заработила 135 милиони долари, што најмногу се должи на одличниот успех на нејзината светска турнеја „Призматик“.
Освен успешната турнеја, познатата пејачка доби и одлични хонорари од познатите козметички и модни компании, на кои е заштитно лице.
– Се гордеам бидејќи сум шефица, се гордеам и како личност на чело на сопствена компанија. Јас сум претприемач, не се срамам од тоа, изјави Пери.
По Кети Пери на листата следат Тејлор Свифт, членките на групата „Флетвуд“ Стиви Никс и Кристин Мекви, Лејди Гага и Бијонси.