МК Сцена
ФОТО: Дино Мерлин „нападнат“ од фановите на сцената на Пивофест
Насловната фотографија: Популарно.мк – забрането преземање без дозвола
За време на настапот на Дино Мерлин со кој заврши овогодинешното издание на „Пивофест”, на неколку наврати пејачот едноставно беше „нападнат” од своите фанови во Македонија.
Во еден момент голем фан на Мерлин се качи на сцената со една единствена цел да направи селфи фотографија. И верувале или не, во тоа и успеа, по што веднаш среќно си замина од местото каде што стоеше, место кое инаку беше резервирано за новинарите, но поради непознати причини и тој се најде на истото, пренесува Музика24.
Мерлин само се насмеа на овој потег, иако можеби изнанадувачки, сето тоа го прифати како нешто мило и драго кому секој може да му се случи на сцената.
Дали обезбедувањето кое за момент беше строго кон медиумите потфрли или пак нешто друго беше во прашање не знаеме, но како и да е, она што вчеравечер се случи на овој голем музички и медиумски настан не требаше да се дозволи, бидејќи по примерот на ова младо момче, уште двајца од нив се качија на сцената и се обидоа да се поздрават и да го гушнат пејачот што е навистина прекрасно како потег, но страшно како помисла дека Дино Мерлин, големата ѕвезда на „Пивофест” не беше доволно заштитен.
Но како и да е, концертот помина со одлична атмосфера и онака како што секој посакуваше тоа да се случи. Секоја чест за организацијата на истиот.