МК Сцена
ФОТО: Прилеп подготвен за Фестивалот на пивото – Пиво фест 2015
Фестивалскиве хостеси, пивскиот туристичкиот воз и велосипед ги канат сите кои сакаат добра забава и дружба да го посетат Фестивалот на Пивото – Пиво фест 2015.
Утре во Прилеп започнува годинешниот Пиво фест. Се очекуваат над 350 илјади гости од земјава и странство. Организаторите потврдуваат дека се е подготвено за годинешната манифестација…
Се поставуваат штандовите, се местат бините, Прилеп на еден ден пред почетокот на Пиво фестот веќе пулсира во ритамот на најлудата забава на овие простори. Прилепчани со нетрпение го очекуваат почетокот на овој спектакл.
Се прават последните координативни состаноци за да се помине како што треба. Прилеп и оваа година ќе докаже дека е подготвен за организирање за настани од европски калибар.
Градот има капацитет за преку 20.000 паркинг места, сите гости кои ќе доаѓаат со моторни возила ќе бидат причекани уште на самите влезови на градот и ќе бидат упатени таму каде ќе има слободно паркинг место.
На 20.000 метри квадратни се поставени 30-тина штандови. Хотелските капацитети и приватното сместување се скоро исполнети, а место се бара и во околните градови. Поради подобра услуга продолжено е работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.
Од утре па се до 19-ти јули сите патишта од Македонија ќе водат кон Прилеп, Бидете и Вие дел од овој невиден спектакл кој моментално е најголемата забава на балканските простори.