МК Сцена
ФОТО: Рекорден број посетители на дводневниот ноќен шопинг во Скопје Сити Мол
Најголемото дводневно шопинг искуство, кое беше реализирано на 3ти и 4ти јули 2015 година, го доживеаа сите посетители на најголемиот шопинг центар во Македонија, Скопје Сити Мол.
Веќе дел од традицијата на молот, Late Night Shopping искуството оваа година беше збогатено со многу музика, многу забава, модна ревија, Style Hunting со најпознатите македонски модни блогерки и многу дополнителни активности и изненадувања.
Преполниот трговски беше доказ дека посетителите уживаа во забавата со звуците на Азафран микс, ConTru DJ, Тумбао Салса Бенд, Sound Messengers и многу други ДЈ со нивни сетови, придружени со попусти на омилените парчиња од брендовите во Скопје Сити Мол.
Забава за сечиј вкус и секоја возраст. Не беа заборавени ни најмалите кои уживаа во работилницата на мали дизајнери заедно со меѓународниот институт за мода “Изет Цури”.
Ова беше настан од светски размери кој не се пропушта. Уште еден во низата на успешни настани на Skopje City Mall, кој докажува дека светските модни трендови се возможни и кај нас.