МК Сцена
ФОТО: Тамара Тодевска го кажа судбоносното „ДА“
Популарната поп пејачка Тамара и избраникот на нејзиното срце кошаркарот Александар Димитровски Мачка денеска го кажаа судбоносното „ДА“.
Свадбените фотографии, барем оние од почетокот на семејната прослава покажуваат дека сепак, невестинскиот фустан не е во црвена боја, како што таа најавуваше.
Информациите кои се однесуваа на подготовката на големата свадбена церемонија велеа дека Тамара била многу релаксирана во пресрет на венчавката.
Таа порачала да ѝ се направат три венчални фустани, кои ќе бидат дело на тројца еминентни модни дизајнери. Вечерта, за време на прославата, планира да носи црвен фустан, а не класична венчаница, пренесоа блиски луѓе на невестата.
Венчавката ќе се одржи во ресторанот ’Атланта’, каде што еден од сопствениците е нејзиниот иден маж.