МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Бајага и Инструктори за златна завршница на „Златните денови“ во Кратово
Насловна фотографија: Марко Ивановски
Златните денови и оваа година беа полн погодок. Изминатите три дена Кратово беше центар на сите случувања, позитивна атмосфера и енергија на сцена. Најпопуларните музички имиња викендов можеа да се видат на сцената забавувајќи ги присутните.
Бајага и Инструктори беа кулминацијата која предизизвика бура на емоции, позитивни реакции и одлична забава. Со ,,Моји су другови” и официјално заврши саботната програма на Златни Денови. Елена Ристеска, Чалгија Саунд Систем беа дополнителен доказ дека програмата и оваа година е полн погодок, уживање за сите посетители.
Петок вечер пак, Кратово гореше од позитивна атмосфера, многу насмевки, музика и убави моменти, наподолнети од настапите на Даниел Кајмакоски, ѕвездите на X-Фактор Адриа, Куку Леле, Блага Петреска, Виолета Томовска, Ефто Пупиноски и Јордан Митев, кои настапија во чест на македонската музичка легенда, Јонче Христовски.
Денес, недела, 28-ми јуни, во 12 часот напладне пред платото на Музејот на Град Кратово настапуваа хорот и солисти на Златно Славејче заедно со својот другар и долгогодишен водител на фестивалот Влатко Илиевски, со кои и официјално завршија Златните денови во Кратово.
Се’ е добро кога добро ќе заврши. Вторите по ред Златни денови Кратово се одличен извор на забава, позитивна атмосфера и убави моменти.