Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Дино Мерлин ја посети Детската Клиника во Скопје

МК Сцена

ФОТОГАЛЕРИЈА: Дино Мерлин ја посети Детската Клиника во Скопје

По спектакуларниот концерт кој што се случи вчера во спортскиот центар Борис Трајковски, босанскиот волшебник својата успешна македонска приказнa ја заврши утрово, со донација од 300.000 денари на детската клиника во Скопје.

Имено утринава, Дино Мерлин и неговиот менаџмент ја посетија клиниката каде што ги дочека директорката Д-р Аспазија Софијанова и накратко ги запозна со состојбата на клиниката но и со дечињата за кои Мерлин не го криеше задоволството затоа што може да им помогне.

Мерлин оваа донација ја најави на прес конференцијата во Скопје, и тогаш но и денес потврди дека сите кои што можат, мораат да најдат начин да им помогнат на оние на кои што помошта им е најпотребна. Само така ќе знаеме дека оставаме нешто добро зад себе.

За потсетување, турнејата „Хотел Национал“ беше најавена во време кога Србија и Босна и Херцеговина ги зафатија поплави. Дино Мерлин тогаш без размислување ја откажа турнејата и се врати во Босна, за да им се најде на настраданите од полавите и како што тогаш изјави, „во најтешките моменти, да биде со своите сограѓани и во својата држава“.

Преполниот спортски центар, Борис Трајковски во еден глас пееше од почеток до крај со Дино Мерлин

kadevecer-027

Вчерашниот концерт на Дино Мерлин во Скопје, беше вистински спектакал и музички но и визуелно. Со најновата концертна опрема која што пристигна заедно со Дино, Македонија имаше можност да види една сосема поинаква концертна претстава во која главната улога му припадна на босанскиот волшебник.

На сцената се појави со куфер кој што е синоним за неговата регионална турнеја „Хотел Национал“ и концертот го отвори со мега популарната во моментов „Шкољка“. Од почеток до крај публиката неуморно пееше со Мерлин и не се штедеше ниту за овации ниту за аплаузи. Цели 2 ипол часа Мерлин не се симна од сцена со што покажа дека годините не му можат ништо. Напротив, со нив посигурно и постепено и музички созрева.

kadevecer-104

Неофицијално, во спортскиот центар Борис Трајковски, вчера се собраа повеќе од 10.000 почитувачи на музиката на Дино Мерлин. Ова беше последен концерт во неговата регионална турнеја и како што изјави Дино Мерлин, вистинска генерална проба пред да го наполни неговото Кошево во Сараево.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.