Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Игор Марков го стартуваше ревијалниот дел на есенскиот Моден викенд

МК Сцена

ФОТОГАЛЕРИЈА: Игор Марков го стартуваше ревијалниот дел на есенскиот Моден викенд

Ревијата на младиот дизајнер Игор Марков во Музејот на Град Скопје вчеравечер означи старт на ревијалниот дел на Моден викенд Скопје за есен/зима 2015/2016 кој се одржува по дванаесетти пат и ќе трае до 25 октомври.

На ревијата на Марков беше прикажана колекцијата наречена „Prêt-à-porter féminin de luxe“ за 2016 година, составена од 23 уникатни парчиња.

– „Она кое ја издвојува оваа жена од масата не е само нејзината исклучителна атрактивност туку нејзиниот став. Се познава себе си и цени. Оваа личност никогаш не се плаши да биде во центар на вниманието, без разлика дали поради смелите и непредвидливи модни избори или нејзините животни убедувања“, вели за своите креации Игор Марков кој дебитираше на Моден викенд Скопје 12.

За фризурата на манекенките се погрижи тимот на студиото „Леонтиќ“.

Фото: Ани и Дими

This slideshow requires JavaScript.

Вечерва Моден викенд Скопје се враќа во Музејот на Македонија кадешто ќе се одржат ревиите на Јована Филиповиќ, Елена Спасовска и Венера Мустафа (Р.Косово) која за првпат ќе се претстави пред македонската публика.

Сите посетители на Моден викенд Скопје меѓу ревиите ќе можат да го посетат „Lotus Cozy Cinema“ во Музејот , каде ќе бидат прикажани кратки филмови на македонски режисери . Филмовите се поддржани од Агенција за Филм на РМ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.