Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Илјадници посетители на роденденската журка на Скопје Сити Мол со С.А.Р.С!

МК Сцена

ФОТОГАЛЕРИЈА: Илјадници посетители на роденденската журка на Скопје Сити Мол со С.А.Р.С!

Со уникатни роденденски содржини и изненадувања, со големи промотивни понуди и концерт на мега популарната српска група С.А.Р.С , во саботата на 3-ти oктомври, Скопје Сити Мол го прослави својот трети родеднен.

Илјадници среќни луѓе со полни кеси во рацете, насмеани лица и детски џагор, беше сликата која можеше овој викенд да се види во најмодерниот и најголемиот трговски центар во Македонија.

Истата таа вечер кога во главниот град се оддржуваше масовната манифестација „Бела Ноќ“, Скопје Сити Мол организираше „Лејт Најт Шопинг“ до полноќ со разновидни изненадувања за сите посетители и попусти во сите продавници.

Вистински ѕвезди беа популарните С.А.Р.С. кои со својата неверојатна енергија ги воодушевија посетителите. Неколку илјадници луѓе и фанови, кои буквално го исполнија целиот простор пред Скопје Сити Мол, уживаа и се забавуваа со песните на српската група која во изминатиот период ги запоседна музичките листи на Балканот.

Успешната работа на молот и лојалноста на сите продавници во Скопје Сити Мол, беше прославена со голема торта составена од логоата на брендовите застапени во овој трговски центар.

За време на прославата покрај многуте содржини, разновидни аниматори ја фасцинираа публиката со воодушевувачка пантонима и куклен театар, додека најмалите креираа посебен роденденски накит и беа дел од работилницата за мафини, организирани од Скопје Сити Мол.

This slideshow requires JavaScript.

Во склоп на своите роденденски изненадувања сите посетители на Скопје Сити Мол од 2-ри до 4-ри октомври уживаа со роденденските попусти, а најсреќниот купувач има шанса да стане сопственик на најновиот модел на Jeep Renegade.

Среќникот како лојален посетител на молот, ќе има чест да ги слушне зборовите Happy Jeep to You, и со тоа да стане дел од оваа несекојдневна прослава која долго ќе се памети, бидејќи истата трае до 31.12.2015.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.