Музика
ФОТОГАЛЕРИЈА: Motorhead, Tom Odell и Hardwell за експлозивен втор ден на Егзит фестивалот
Петочната вечер на Егзит фестивалот во Нови Сад беше исполнета со квалитетна музика на сите сцени!
На главната бина ѕвезди на вечерта беа рокенрол атракцијата Motorhead кои само беа најава на Tom Odell кој пред сцената успеа да собере повеќе од 50.000 посетители кои уживаа во неговите хитови.
Иако додека настапуваше, Odell се соочуваше со технички проблеми, сепак тоа не беше причина неколку илјадната публика во еден глас да ја пее познатата „Another love“ заедно со пејачот.
На денс арената пак, главна атракција беше познатиот дџ и музички продуцент Hardwell кој на и така малиот простор пред денс арената успеа да собере преку 50.000 луѓе кои танцуваа на неговите сетови.
Пред нас е денот кој се очекува да ги собори сите рекорди на посетеност на Егзит фестивалот, затоа што вечерва настапуваат најголемите ѕвезди на главната, но и денс бината – John Newman, Manu Chao и Martin Garrix.
Екипата на Популарно.мк останува на местото на настанот, Петроварадинската тврдина за да ве известува за атмосферата и сите случувања на најголемиот европски фестивал!