Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: „Парни Ваљак“ на бис во „Борис Трајковски“

МК Сцена

ФОТОГАЛЕРИЈА: „Парни Ваљак“ на бис во „Борис Трајковски“

40 години Парни Ваљак и 60 години Аки Рахимовски. Овие датуми вчеравечер култниот бенд „Парни Ваљак“ ги славеше со публиката во спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде одржаа вистински одработен и професионален концерт.

Иако салата не беше целосно полна, сепак публиката на моменти успеваше да ја натпее музиката, додека Аки и бендот ги изведуваа познатите „Љубавна“, „Застава“, „Јесен у мени“, „Заплеши самном ову ноч“.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Драган Тануровски / Популарно.мк (Забрането користење на фотографиите)

This slideshow requires JavaScript.

Иако полнеше 60 години, Рахимовски на сцената пееше и скокаше како да има само 20, а публиката во која имаше и млади и стари, а помеѓу нив и повеќе познати личности од македонската естрада, танцуваше задно со него.

– „Својот роденден ќе го прославам со дел од моето семејство и најблиските кои живеат во Македонија, а вечерта ќе славам со својот бенд и илјадниците фанови бидејќи во Скопје имаме концерт со кој почнува нашата славеничка турнеја“ – изјавил Рахимовски.

На скоро два и пол часовната журка, бендот два пати беше вратен на бис на сцената, кога атмосферата кулминираше со песната „Све још мирише на њу“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.