Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Пијаната Викторија Бекам го шокираше светот
Таблоидите ширум светот од вчера се преплавени со приказната за скандалот со пијаната Викторија Бекам.
Имено, иако на стартот на еден свечен прием во вторникот вечерта некогашната „Спајс-девојка“ претставувала олицетворение на елеганција и гламур, таа очигледно при забавата претерала со алкохолот, па папараците ја „уловија“ во нималку пријатно издание.
Сопругата на славниот фудбалер Дејвид Бекам е фотографирана како се тетерави и сопнува, а по се изгледа и се случила и „мала непријатност“.
На фотограифите се гледаат намокрените панталони во меѓуножјето на Викторија, за што британските таблоиди оценуваат дека таа „можеби се потурила со пијалак“, но не ја исклучуваат ни можноста да била толку пијана па да не почувствувала дека „уринирала во гаќи“.
Истите извори наведуваат дека Викторија била толку пијана што при заминувањето од приемот морала да се придржува за нејзиниот сопруг Дејвид.