МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Пиво, скара и Прљаво казалиште на вториот ден од Фестивалот на пивото!
Уште една спектакуларна вечер на Фестивалот на пивото која ги соедини ладното пиво, вкусната скара и добрата музика.
Неколку илјадната публика пред главната бина на Пивофест се загреваше со настапите на Заа и Радио актив, а потоа на сцената се појавија момците од ДНК.
Кулминација на вечерта беше енергичниот настап на култната група Прљаво казалиште кои со своите стари познати хитови ја забавуваа публиката до раните утрински часови.
Освен убавите работи коишто се случуваат деновиве во Прилеп на овогодинешното издание на “Пивофест”, вчеравечер се случи еден мал инцидент во којшто беше повреден пејачот на познатата рок група “Прљаво Казалиште“.
Имено, по излегување на сцената пејачот сакајќи да биде поблиску до публиката, а невнимавајќи на сцената одеднаш падна од неа на што реагираше обезбедувањето кои му помогнаа на пејачот да стане и да го продолжи концертот. Како и секој професионалец, така и тој, го продолжи настапот како ништо да не се случило и се упати кон публиката пеејќи ги своите големи хитови.
Како и минатата вечер, така и оваа, шармантниот водителски пар – Марјана и Жаре беа дополнителна забава за публиката.
Првата вечер Маријана носеше црвен секси фустан, минатата втора вечер таа насебе носеше речиси прозирен фустан кој изгледаше феноменално, но многумина се прашуваа дали Маријана носи на себе гакички или на сцената е сосема гола.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од вториот ден на 13. издание на Фестивалот на пивото – Пивофест 2015.