Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Промоција на новиот албум на групата „Eye Cue“

МК Сцена

ФОТОГАЛЕРИЈА: Промоција на новиот албум на групата „Eye Cue“

Вчера групата EYE CUE го промовираше својот втор албум „Само Сакав“ во издание на Горила Продукција. Промоцијата се одржа во пивница „Стар Град“ под Kале.

На промоцијата присуствуваа голем број пријатели, новинари и колеги меѓу кои: Никола Перевски – Пере, Сара Мејс, Теа, Леа и голем број музичари.

На албумот се најдоа 11 композиции меѓу кои и големите хитови (Боби баш ми е гајле, Колку Пати, Иста Патека, Не заборавај) кои ги одбележаа EYE CUE изминатиот период. EYE CUE во живо отсвирија неколку нови композиции и веќе прочуените хитови.

EYE CUE на присутните им го поклонија својот албум „Само Сакав“ со по некој автограм и ја најавија својата концертна турнеа, која започува со настапи по дискотеки и клубови во месец Јули, а во вториот дел од летната сезона по општински настани поддржани од „Министерство за култура“ и голем број реномирани фестивали (10.08 Градски плоштад – Крушево, 14.08 Градски плоштад – Ресен, 15.08 Струмица Опен фест, 29.08 Градски плоштад – Берово, 05.09 Пиво Ленд – Скопје) и многу други. За крај EYE CUE и Горила продукција најавија и трет Албум и голем концерт во 2016 година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.