МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Се бараше место повеќе за великанот Морисеј!
Насловна фотографија: Атанас Стојановски / Популарно.мк
Вчеравечер во преполната сала СРЦ Кале, каде се бараше место повеќе за стоење, се одржа еден од најквалитетните рок концерти некогаш одржани во Македонија.
Великанот на британската и светската музичка сцена, Стивен Патрик Морисеј, од некогаш легендарните Д Смитс настапи пред околу 4.000 посетителите од Македонија, но и многу останати кои со автобуси дојдоа да го следат концертот од соседните земји.
Тој на сцената настапи заедно со неговиот бенд, и на самиот почеток ги поздрави присутните во салата со добро извежбано „Здраво“ и „Добра вечер“, но и во текот на концертот повеќе пати знаеше да каже „Ви благодарам многу!“.
Фотогалерија: Атанас Стојановски / Популарно.мк
Концертот во СРЦ „Кале“ е во рамките на неговата европска турнеја на која го претставува својот последен албум издаден минатата година „World Peace Is None of Your Business”.
Според организаторите Авалон продукција, ова е еден од најквалитетните рок концерти, во последниве 25 години во оваа држава.
Вчерашниот концерт беше во рамките на исклучителниот музички настан Ultimate music weekend, а вечерва на истата сцена ќе настапи групата Апокалиптика.