Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: „Шербет Љубојна“ – концерт за мелем на душата

МК Сцена

ФОТОГАЛЕРИЈА: „Шербет Љубојна“ – концерт за мелем на душата

Горила Продукција, во свое име и во името на Љубојна и нивните гости Влатко Стефановски, Исмаил Лумановски, Васил Хаџиманов и Џамбо Агушев, им се заблагодарува на сите оние кои направија концертот во арена Борис Трајковски да биде едно од најубавите искуства за нас како организатори и за сите кои настапија.

Многу музичари на сцена, прекрасна размена на енергии, гласно пеење, неуморно играње и многу кренати раце и срца… Вака накратко може да се опише атмосферата на концертот, но кога зборовите не се доволни, оставаме фотографиите да раскажат повеќе.

Етнофолклорниот мелос не ја остави публиката рамнодушна, па во тие неколку часа беше мелем за бегство од секојдневието и супер подгревање за предновогодишната еуфорија.

Публиката не се штедеше за громогласен аплауз и овации на секоја песна, а најмногу за хитовската „Твоите очи, Лено“, која „Љубојна“ не ја заобиколија при самиот крај.

Следен предизвик за Горила Продукција е концертот на НОКАУТ, закажан за 24 декември исто така во Борис Трајковски. Билетите одлично се продаваат, а оние кои се уште не се снабдиле со карта тоа можат да го сторат во продажната мрежа на mktickets.mk.

Момците од бендот максимално им се посветени на пробите, а она што вам ви преостанува е да им докажете дека навистина ја заслужувате титулата “специјални гости на вечерта”. Завршете ја годината позитивно со НОКАУТ!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.