Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Заврши есенскиот Моден викенд Скопје 12

МК Сцена

ФОТОГАЛЕРИЈА: Заврши есенскиот Моден викенд Скопје 12

Ревиите на руската модна куќа „N by Z“, Кристина Цветковска и Олгица Ѓоргиева означија крај на дванаесеттото издание на Моден викенд Скопје , синоќа во Музејот на Македонија.

Последната вечер на скопскиот Моден викенд започна со ревијата на познатата модна куќа од Москва „N by Z“ и колекцијата „Something else“ составена од фустани, здолништа, блузи и палта за есен/зима 2015/2016.

„Колекцијата е наменета за жени кои заминуваат во шопинг оптоварени од план и идеја што треба да купуваат. Нашата модна куќа ги спои парчињата и за нив направи избор во кој може да се пронајде секоја жена со стил“, вели дизајнерката Наталиа Злодјарева од „N by Z“.

Второто модно шоу беше на дебитантката Кристина Цветковска која стои зад брендот „ Modelina“ и колекцијата „Night in red silk “ за актуелната сезона есен/зима.

This slideshow requires JavaScript.

– „Станува збор за колекција која е инспирирана од љубовта, играта и природата, изработена од природна свила во комбинација со сатен штоф и монистра. Црвеното во комбинација со љубовта зачинето со природната свила и играта на монистрата ја прават колекцијата целосна која е погодна за носење во сите пригоди“, вели Цветковска.

Со најновата колекција наречена „Just Go“ на Олгица Ѓоргиева официјално се затвори дванаесеттиот Моден викенд Скопје.

– „Колекцијата е потсетување на она што веќе го имам работено во минатото со видно изменети кроеви, проширени техники на доработка но со мојот карактеристичен дизајнерски печат . Колекцијата е составена од секојдневни парчиња, венчаница и свечени тоалети изработени од кадифе, жоржет, волница, плетенина. Моите најнови креации се наменети за личности со дефиниран и специфичен вкус кои точно знаат што сакаат “, вели за колекцијата Олгица Ѓоргиева.

Во рамките на Моден викенд Скопје 12 кој се одржуваше од 21 до 25 октомври под мотото „Мода и културно наследство “ во Музеј на Македонија , посетителите видоа модна изложба наречена „Свадбени приказни“, единаесет ревии и за прв пат на настанот кино наречено „Lotus cozy cinema“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.