Сцена
Французинка е новата мис Универзум
Дваесет и тригодишната студентка по стоматологија од Франција, Ирис Митнаер победи на годинешниот натпревар во убавина Мис Универзум, којшто се одржа на Филипините, јави БТА.
Мис Франција, која доаѓа од градот Лил, победи во конкуренција на други 85 конкуретки во тричасовното шоу во главниот град Манила.
За нејзина прва придружничка е избрана мис Хаити, Ракел Пелисие, а за втора – мис Колумбија, Андреа Товар.