Музика
Франсија Раисa донирала бубрег за Селенa Гомез
Познатата поп-пејачка и глумица Селена Гомез денеска на Инстаграм сподели со јавноста дека летово и бил пресаден бубрег и дека донорот била нејзината колешка Франсија Раисa.
Гомез, која боледува од лупус, вели дека трансплантацијата е нешто што „требало да го стори заради својата целокупна здравствена состојба”, како и дека „нема доволно зборови за да ја искаже својата благодарност кон Франсија“.
Во објавата на Инстаграм, Гомез не открива каде е изведена операцијата.