МК Сцена
ГЛАМУР НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ: Ротердам блесна за МТВ Европските музички награди (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Европските музички награди на МТВ отсекогаш важеле за едни од омилените светски настани бидејќи токму таму можевме да видиме некои од најголемите ѕвезди во беспрекорни изданија, пишува порталот Точка.
Оваа година, освен неколкуте познати лица кои можевме да ги видиме на црвениот килим кога станува збор за музички ѕвезди, доделувањето на наградите помина во знакот на кичот и на помалку познатите „ѕвезди“ од светските реални шоуа.
Како и на секое друго место, манекенките беа тие кои беа едни од главните ѕвезди, а овој пат Џордан Дан и слатката Вини Харлоу се покажаа како најдобро облечени на годинешната манифестација.
На сцената во Ротердам можевме да видиме и некои фантастични настапи на новите ѕвезди со блескава иднина, но и на беспрекорните „Уан Репаблик“ и „Грин Деј“ кои дефинитивно ќе останат во сеќавање меѓу фановите.
Оваа година, честа да ги води наградите и припадна на американската нова ѕвезда Биби Рекса која и не остави некој голем впечаток.
Таа се пресоблече вкупно седум пати додека беше на сцената, а имаше и неколку настапи од кои некои добри, а некои подобро и да не се случеа.