Сцена
Гнев поради фотографиja на Иванка Трамп од Овалната соба
Ќерката на претседателот на САД, Иванка Трамп објави на социјалните мрежи фотографија каде седи покрај претседателската маса во Овалната соба, додека покрај неа стои Доналд Трамп и премиерот на Канада Џастин Трудо, што предизвика бурни реакции на нејзините следбеници.
Иванка Трамп фотографијата ја постави на Твитер, Инстаграм и Фејсбуск со порака: „Убав разговор со двајца светски лидери за тоа колку е важно жената да има место на масата“.
Освен многу убави зборови од следбениците на Трамп, Иванка која нема официјална функција во Белата куќа доби и голем број критики и коментари дека не го заслужува правото да седи зад масата на претседателот.
Иванка Трамп во понеделеникот учествуваше на тркалезната маса со жените работодавачи од САД и Канада, а во текот на состанокот седеше покрај Трудо.