Сцена
ГО РАЗНЕЖНИ СВЕТОТ: Принцезата Шарлот го бакна принцот Луи (ФОТО)
Кралското семејство денеска објави фотографии од првите денови на новородениот принц Луи – вклучувајќи и фотографија која го разнежни светот, на која се гледа како принцезата Шарлот го бакнува малиот принц.
Имено, принцезата Шарлот на фотографијата го гушка и бакнува принцот Луи, додека спие, а фотографијата била направена на 2 мај, денот на нејзиниот трет роденден.
Другата фотографија е направена кога малиот Луи имал само три дена, со принцот облечен во бел џемпер и панталони.
Прекрасните фотографии кои го обиколија светот и овојпат ги направи „мама Кејт“.
Официјални лица на Палатата објавија дека новиот принц Луис нема да им се придружи на останатите членови од британското кралско семејство на 19 мај кога е закажана свадбата на неговиот вујко, принцот Хари, кој ќе се жени со американската глумица Меган Маркл.