Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ГОЛЕМ СПЕКТАКЛ ОВАА ЗИМА: Прво доделување на регионални музички признанија

Музика

ГОЛЕМ СПЕКТАКЛ ОВАА ЗИМА: Прво доделување на регионални музички признанија

Во организација и продукција на најголемата регионална продукциска куќа Скајмјузик (Skymusic), на 29 јануари во Штарк арената во Белград ќе се одржи музички спектакл каков сè уште не е виден во овој дел на Европа.

Дел од церемонијата на доделувањето на првите регионални музички признанија Huawei Music Awards Ceremony (MAC) ќе бидат најголемите ѕвезди од Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Во рамки на програмата која ќе трае повеќе од четири часа, на неколку поврзани бини ќе се појават повеќе од 60 познати личности од регионот. Публиката ќе ужива во спектакуларните настапи осмислени и режирани специјално за оваа прилика. Ќе бидат доделени повеќе од 20 музички признанија за најдобри изведувачи, нумери од различни жанрови, спотови, сценски настапи…

На манифестацијата се очекуваат преку 200 познати личности кои ќе прошетаат по црвениот килим, а на церемонијата на доделување на музичките признанија ќе присуствуваат 15 000 посетители.

Единствениот целовечерен забавно–музички настан Huawei MAC директно ќе се пренесува на телевизиските станици со национална фреквенција во земјите од регионот.

Huawei MAC ќе биде продукциски и телевизиски најсложен потфат кога било изведен на нашите простори, организиран по највисоки светски продукциски стандарди.

Употребата на најновите аудио и визуелни технологии, подвижни екрани и сценографии, иновативен концепт на осветлување, најсовремени трендови на концертна техничка продукција – сето она по што Скајмјузик ја зазема лидерската позиција во регионот, на церемонијата на доделувањето на музичките признанија ќе биде подигнато на највисоко ниво.

Изведувачите и музичките нумери за доделувањето на Huawei MAC признанијата ги номинираат радиостаниците. Гласачите од сите земји од регионот ќе имаат можност преку интернет страницата Huawei MAC (www.musicawardsceremony.com) да гласаат за своите фаворити, а на Фејсбук ( https://m.facebook.com/music.awards.ceremony) и Инстаграм–страниците ( https://www.instagram.com/music.awards.ceremony) ќе можат да ги следат најновите вести и занимливости поврзани со манифестацијата.

Huawei MAC ќе биде врвот на досегашната работа на продукциската куќа Скајмјузик, која зад себе има дводецениско искуство во техничка продукција на најголемите регионални музички настани.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.