МК Сцена
ГОЛЕМА ЖУРКА ВО НАЈАВА: Овој петок Пол Ван Дајк ќе го преврти Скопје наопаку!
Од вчера, цената на влезниците е 450 денари и истата ќе остане до денот на журката…Chris Bekker пред, Галоски по…Пол Ван Дајк!
Само 3 дена не делат од настапот на германскиот Суперстар диџеј, Пол Ван Дајк во македонската метропола. На 3 февруари, петок, Метрополис арената во Скопје ќе бдие место каде што Пол Ван Дајк ќе ги донесе новите звуци на The politics of dancing 3.
Журката е предвидена да започне во 21.00 и да трае до раните утрински часови. Освен новиот албум на кој што работеше изминатиов перидо, Пол Ван Дајк ќе ги донесе и своите најголеми хитови по кои што го препознава светот.
По несреќата која што се случи минатата година а во која Пол Ван Дајк многу незгодно падна од сцена и беше на долго и макотрпно опоравување, ова е негов прв настап во овој дел од Европа. Во деновите по несреќата Пол Ван Дајк во едно интервју рече дека едноставно имал среќа затоа што и денес е жив. И денес, месеци по повредата овој Суперстар диџеј, на себе сеуште чувствува последици од падот, но вели дека тоа нема да го спречи, на македонската публика да и приреди уште еден настап за паметење.
Влезниците за неколкучасовниот сет на Пол Ван Дајк можете да ги обезбедите преку продажната мрежа на купикарти за се, Розе Веро 2, Пола Југотон и Југотон Рекордс.
По настапот на Пол Ван Дајк, журката ќе продолжи со македонскиот диџеј кој што чекори кон светот. Галоски е 25 годишниот диџеј и продуцент кој има потпишано изданија за издавачката куќа на Nicky Romero – Protocol Recordings, Flamingo Recordings на Fedde Le Grand, Armada на Armin van Buuren и има поддршка од светски познатите диџеи како David Guetta, Avicii, Hardwell, Nicky Romero, Afrojack и др. Овој петок ќе ја има честа да ја затвори ноќта во Метрополис арена каде што настапува заедно со музичката икона пол Ван Дајк.
Пред Пол Ван Дајк пак, честа да ја отвори журката ќе му припадне на Chris Bekker, диџејот кој што функционира и работи во центарот на електронската берлинска сцена а е под капата на продукција на Пол Ван Дајк.
450 денари за тројца врвни диџеи од кои што едниот неколкупати досега го понел епитетот најдобриот диџеј во светот.