Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Големи музички имиња на овогодинешниот Џез викенд во Прилеп

МК Сцена

Големи музички имиња на овогодинешниот Џез викенд во Прилеп

На големо задоволство на прилепските љубители на најслободната музичка форма, џезот и воопшто на урбаното живеење, последниот викенд од месец август (25,26 и 27 оваа година) во Прилеп се организира Меѓународен Џез Викенд, манифестација која нуди богата програма со настап на повеќе изведувачи од европските простори, посочија организаторите на денешниот прес.

Овај фестивал за првпат се одржа во 2012 година и уште веднаш се виде дека ентузијазмот е заеднички, како на публиката, така и на организаторите и учесниците на истиот.

Прилепскиот Џез викенд кој е во организација на Одделението за култура при локалната самоуправа која го презентира музичкото творештво од светски џез размери пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските вредности и културни содржини.

_MG_0929

Фестивалот ќе биде отворен со Биг бендот на МРТВ и фри џез составот Хашима од Србија во четврток на 25 август 2016г.
На 26 август во петокот, настапуваат Dine Doneff”s Lost _Anthropology од Грција, потоа следува експерименталниот состав „Chui“ од Загреб, а во off програмата со својот сет ќе не вози популарниот DJ Костадин Шурбановски – Шурбе.

Третата и последна вечер 27 август, е резервирана за гостите од Хрватска Franz Kafka Ensemble, незаменливиот Влатко Стефановски со своето Трио и за сладокусците во off програмата Џенгис Ибрахим со проектот Hi Cazz 3 .

Како и секоја година така и оваа фестивалот има своја програма и во локалните џез клубови, така што во кафе Сидро ќе настапи младиот скопски состав Fierce, додека во Џез клубот „Take five“, ќе можеме да го проследиме Филип Стевановски со своето Трио.

Место на случување е летната сцена од Центарот за култура Марко Цепенков, влезот е бесплатен, а фестивалските вечери започнуваат од 21.00 часот.

Градот под Марковите кули, ги кани сите вљубници во џез музиката да бидат дел од ова културно прилепско лето и воедно им се заблагодарува на сите општествено одговорни компании кои застанаа зад фестивалот, како и на медиумските покровители за нивната безрезервна поддршка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.