Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Госпоѓа министерка“ со 150-та изведба во МНТ

МК Сцена

„Госпоѓа министерка“ со 150-та изведба во МНТ

Претставата „Госпоѓа министерка“ вечер по 150-ти пат ќе биде изведена во Македонскиот народен театар. Режисер на претставата е Наташа Поплавска, а главната улога ја толкува Весна Петрушевска.

Директорот на Македонскиот народен театар, Дејан Пројковски на прес-конференција рече дека станува збор за петта премиерна изведба на претставата „Госпоѓа министерка“ во МНТ.

– Првата изведба  на „Госпоѓа министерка“ е во 1953 година, потоа во 1965 година, 1977 година и 1983 година. Премиерата во 1965, 1977 и 1983 година е обновувана и режисер на тие постановки бил Димитар Ќостаров, сценограф Бранко Костовски, а Мери Бошкова во сите тие претстави ја игра Живка. На 28 март 2009 година се случува премиерата на „Госпоѓа министерка“ со која МНТ расте и созрева заедно со својата публика, рече Пројковски.

Посочи дека за 150-те изведби „Госпоѓа министерка“ ја погледнале 58.172 гледачи.

Во претставата играат и Нино Леви, Александар Микиќ, Јелена Јованова, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Благица Трпковска, Марија Новак, Драгана Левенска, Софиа Насевска, Томе Витанов, Емил Рубен, Славиша Кајевски, Никола Ацески, Магдалена Ризова, Даница Георгиевска, Нада Стефановиќ, Борче Нацев, Трајче Ѓорѓиев…

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.