Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Гран при за „М“ на Вардан Тозија на фестивалот „Дракула“ во Брашов, Романија

Сцена

Гран при за „М“ на Вардан Тозија на фестивалот „Дракула“ во Брашов, Романија

Филмот „М“ на Вардан Тозија во продукција на „Фокус покус филмс“ ја продолжува низата на фестивалски награди и признанија.

На дванаесеттото издание на Филмскиот фестивал Дракула во Брашов, кој се одржа од 30 октомври до 3 ноември, „М“ ја доби главната награда, или „Гран при“ за најдобар филм и трофејот “Дракула“.

За наградите одлучува жирито во состав: Пол Арион, Валентин Гројтерт и Брандо Де Сика.

Визуелниот уметник Пол Арион е најнаградуваниот романски професионалец активен во современата кинематографија, тимовите со кои има работено добиле 5 Оскари исто толку БАФТА награди, а неговото име се поврзува со импресивни продукции, како што се: Tenet, Dune, Avengers, Oppenheimer, The Jungle Book, Bohemian Rhapsody, Blade Runner 2049, Mission: Impossible – Fallout или франшизата за Џејмс Бонд.

Валентин Гројтерт е член е на Европската филмска академија и клубот на продуценти ACE, со повеќе од 20 забележителни продукции во своето CV, како што се: „Rocksteady: The Roots of Reggae“ или Рајска војна, снимени на 3 континенти, во 76 дена. Во 2022 година, тој ја лансираше комедијата „Horror Mad Heidi“ која доживува неверојатен успех ширум светот.

Брандо Де Сика е добитник на наградата „Sitges of New Visions“ во 2023 година со играниот филм „Mimi – Il Principe delle Tenebre“. Режисер е на бројни наградувани жанровски остварувања, со што ја продолжува семејната филмска традици, започната од неговиот дедо, култниот италијански режисер Виторио Де Сика.

-Од самиот почеток „М“ воспоставува расположение кое истовремено е воодушевувачко и суптилно вознемирувачко, држејќи ја публиката да се прашува на најдобар можен начин. Креаторите на филмот демонстрираат јасна посветеност на квалитетот, доловувајќи го секој момент со прецизно внимание на деталите што зборува за нивната вистинска љубов кон занаетот. Снимен на локација во Македонија, филмот прекрасно ги прикажува пејзажите на земјата, придонесувајќи со голема автентичност и длабочина. Накратко, „М“ се издвојува како импресивно остварување, кое не само што ги почитува жанровските конвенции, туку ги издигнува со вешти режија, пресврти и визуелни елементи. Тоа е филм кој зборува и за уметноста на раскажувањето и ветува возбудлива иднина за македонската кинематографија. Секако, филм кој вреди да се доживее, велат членовите на жирито во образложението.

Фестивалот Дракула, кој се наоѓа на самиот врв на листата од 50 најважни жанровски фестивали во светот, а оваа година на јавноста ѝ понуди издание богато со уникатни филмски искуства, премиери, панел-дискусии, “гејминг секција“, концерти и изложби.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.