Сцена
Хакери го презеле Твитер профилот на Сони и објавиле дека Бритни Спирс е мртва!
Твитер профилот на Сони Мјузик е хакиран, а хакерите објавиле неколку лажни вести, меѓу кои и дека познатата пејачка Бритни Спирс починала, соопшти денеска компанијата.
Медиуми повикувајќи се на социјалните мрежи веднаш почнаа да ги пренесуваат „твитовите“: „RIP @britneyspears”, „#RIPBritney 1981-2016″…
Претставникот на Сони потврди дека профилот бил нападнат, како и дека тоа било набрзо поправено. Продукцијата и се извини на поп ѕвездата и нејзините фанови за вознемирувањето. Бритни не одговарала на телефонските повици.
Твитер профилот на Сони Мјузик беше хакиран и во ноември 2014.