Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Хари Мата Хари, Весна Змијанац и Харис Џиновиќ на заеднички концерт во „Борис Трајковски“

МК Сцена

Хари Мата Хари, Весна Змијанац и Харис Џиновиќ на заеднички концерт во „Борис Трајковски“

Концертната сезона е во полн ек, а 18 април е датум резервиран за ново, овојпат тројно музичко уживање.

На заеднички концерт за првпат во кариерата и токму во нашата метропола доаѓаат три легендарни музички имиња – Хари Мата Хари, Харис Џиновиќ и дамата со огромен број хитови, жената која трае со децении – легендарната Весна Змијанац.

Местото на случување е арената „Борис Трајковски”, а стартот на концертот е закажан во 21 часот. Предвидено е музичката програма да трае повеќе од четири часа.

Билетите чинат 400 денари и веќе од денеска се пуштени во продажба.

Предвидено е прв на сцената да застане Хари Варешановиќ, со кого македонската публика периодов има можност да се дружи низ шоуто “Пинкови yвездички”, а по него ќе следуваат уште едниот член на повозрасните Пинкови yвезди – Харис Џиновиќ и, секако, Весна Змијанац, дамата која во својата кариера има издадено 13 албуми.

Музичкиот пат на Змијанац почнува во далечната 1979 година кога го снима синглот “Хвала ти за све”. Во богатата музичка кариера има безброј хитови меѓу кои – “Сватови”, “Краљица туге”, “Неверо моја”, “Сто живота”, “Казни ме казни”, “Да будемо ночас заједно”, “Мало по мало”…

Џиновиќ на музичката сцена е активен од 1981 година, кога ја формира групата Сар е Рома, со која во периодот меѓу 1982 до 1985 издава три албума. Од 1989 година влегува во соло водите. “Муштулук”, “Паришке капије”, “Рано је за тугу”, “Како ми недостајеш“, “Јел су дуње процвале”, “Пусти ме”, “И тебе сам сит кафано”, “Остаричу нечу знати”.. се само дел од најголемите хитови на Xиновиќ, а кои ќе се најдат на репертоарот на тројниот скопски концерт на 18 април.

Хари Варешановиќ или фронтменот на составот Хари Мата Хари почнал да пее и свири гитара на 6 години, а веќе на 10 пеел во составот Оми, подоцна и во групата “Седум шуми”. Кариерата му трга во нагорна линија по 1985 година кога се формира Хари Мата Хари. Во кариерата преполна со хитови, награди, му е запишан и настапот на Евровизија во 2006 година кога ја отпеа одличната “Лејла”.

Билетите за долгоочекуваниот целовечерен концерт може да се купат веќе од денеска, и тоа преку продажната мрежа на купикартизасе и во Розе Веро 2, билетарницата на „Борис Трајковски” и во ресторанот Окарина.

Цената изнесува 400 денари.

И уште еднаш 18 април, 20.30 часот, незаборавен концерт со три музички легенди – Весна Змијанац, Харис Џиновиќ и Хари Мата Хари.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.