МК Сцена
„Hill Party” на Водно за 18. роденден на мотоклубот „Потфат“
Мотоклубот „Потфат“ по повод 18 години постоење, ја организира веќе препознатливата „Hill Party” журка во нивниот клубхаус на Средно Водно на 17 и 18 јуни. Овој мото собир е од отворен карактер со цел да се сподели убавото расположение по повод полнолетството на клубот како и мото културата со сите поддржувачи и мото-ентузијасти.
Во наредните два дена сите посетители ќе имаат можност да уживаат во добра атмосфера проследена со квалитетна рок музика и храна и пијалок по пристапни цени. На овој настан се очекуваат и голем број на мотоциклисти од цела Европа за кој е обезбеден бесплатен кампинг простор од страна на клубот.
Програма:
Петок (17.6.2016)
1 -P. M.S.
2 -Back Door Band
Сабота (18.6.2016)
1 -Red House
2 -ТОА Е ТОА
3 -Eruption
Мотоклубот „Потфат“ е формиран во Гевгелија во 1998 година од група истомисленици составена од бајкери од Скопје и Гевгелија. „Потфат“ е и првиот македонски бек печ (back patch), целосно според западни стандарди и правила. Клубот е активен преку целата година и во најразлични хуманитарни акции и блиску соработува со Црвен крст на Македонија.