Сцена
Хит видео: Италијанската режија танцуваше во ритамот на песната на Констракта во финалето на Евровизија
Српската претставничка на Евровизија, пејачката Констракта (43) со песната „In corpore sano“ не само што ја воодушеви публиката која за време на целиот настап ракоплескаше со неа во ритамот на песната, туку и луѓето задолжени за режирање на целиот настан.
На социјалните мрежи се прошири видео направено за време на финалето на Евровизија, на кое се гледа како италијанските режисери се забавуваат во студио додека Србија настапува на сцената.
Сите во студиото чекаа дел од песната кога Констракта ги крена рацете во воздух, а потоа почнаа да пеат и танцуваат на песната, кревајќи ги рацете и ја имитираа веќе познатата кореографија.
MIO DIO SMETTO DI FRIGNARE L'ANNO PROSSIMOpic.twitter.com/x16cc8lsdr
— • BITI ZDario • (@CoglioneBionico) May 16, 2022
„In corpore sano“ стана хит во регионот веднаш по победата на Беовизија. Констракта на крајот заврши на петтото место, а во текот на изминатиот период ја уживаше поддршката од мноштво евровизиски фанови.