Холивудската легенда Џек Николсон боледува од деменција
Холивудскиот актер Џек Николсон не е виден во јавност повеќе од една година, а неговите блиски пријатели стравуваат дека актерската легенда страда од деменција.
Џек Николсон се смета за едно од најголемите актерски имиња во Холивуд. Славниот актер ја одигра својата последна улога во филмот „Како знаеш“ (“How Do You Know”) од 2010 година.
Според извори за американските медиуми 84-годишниот оскаровец ги поминува „последните, тажни денови“ во вилата на Беверли Хилс и физички состојба му била добра, но не и психичката.
-Јас и Џек со години сме пријатели и тој повеќе воопшто не излегува од дома. Син му и ќерка му се грижат за него. Физички е добар, но психички не е најдобар. Навистина е многу тажно да се гледа таков актер каков што е Џек како си заминува на овој начин – изјавил пријателот на актерот.