Хрватскиот пејач Петар Грашо го очекува првото дете со ќерката на Тончи Хуљиќ
Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (31) очекуваат дете, веста ја потврди Мартина Подгорски, ПР на популарниот пејач.
– Информациите за бременоста на Хана Хуљиќ се точни. Семејството и пријателите се исклучително среќни. Како што знаете Хана и Петар отсекогаш се труделе, а и ќе продолжат да се трудат максимално да ја задржат својата интимност подалеку од очите на јавноста. Се уште немаат планови за свадба – изјави Мартина Подгорски.
Веста ја потврди и самата Хана. Таа даде кратка изјава за Jutarnji list и рече:
-Информацијата е точна, среќни сме и возбудени, но не сакам ништо да коментирам. Би сакала некои работи да останат приватни – рече таа.
Петар Грашо 24 години беше во врска со пејачката Данијела Мартиновиќ. Тие врската ја прекинаа во мај минатата година. Само неколку месеци подоцна тој започна романтична врска со ќерката на неговиот добар пријател Тончи Хуљиќ, Хана, која е 14 години помлада од него и која ја знае уште додека била дете.