МК Сцена
Хуманитарен мјузикл на Корчагинци во МОБ
Мјузиклот „Шантрава азбука“, трет од серијалот мјузикли на скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ под менторство на професорките Татјана Алексиќ и Елизабета Николоска Дадиќ, ќе биде одигран вечер во Македонската опера и балет.
Претставата „Шантрава азбука“ е инспирирана од култната „Бушава азбука“, главни актери се 31 разиграна буква и 24 стилски фигури, а музичкиот спектакл е збогатен со специјална театарска костимографија и сценографија.
Билетите за мјузиклот се продаваат на билетарницата на МОБ по симболична цена од 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани за помош на настраданите семејства од поплавите кои ја зафатија Македонија.