МК Сцена
ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: Со секој клик на новиот спот, пејачот Дон донира по еден денар!
По два успешни дуети на младиот и енергичен бизнисмен воедно и пејач Дон, едниот со Роберт Билбилов – “Ти се промени”, другиот со Андреј ДНК – “Круг”, кои доста добро поминаа кај македонската публика, конечно направена е и негова соло песна “Сама си крива”.
Текстот е на Дон, а музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски. Видеото е во продукција на студио 2C.
Интересното во сето ова е начинот на кој овој пејач реши да го промовира својот видео запис.
Заедно со ДОН Маркетите, креираше интересен предизвик за сите љубители на македонската музика.Тој за неговата прва соло песна “Сама си крива”, ќе донира храна во Црвен Крст на Град Скопје. За секој преглед на неговиот нов видео запис кој е објавен на официјалниот јутјуб канал на 2C продукција ќе биде дониран по 1 денар.
– „За секој преглед на официјалниот канал каде е поставено новото видео, ќе донирам по 1 денар, а со вкупниот износ на крајот од месецот ќе купам храна и пијалоци и ќе ги донирам во Црвен Крст на Град Скопје, поделени подеднакво”, – изјави Дон.
На крајот на месецот ќе се собере бројот на сите прегледи и за таа сума на пари ќе биде донирана храна и вода во Црвен Крст на Град Скопје.
-„Како прв проблем кои се јавува кај овие семејства е задоволување на потребата од храна и од таа причина донирањето на храна за нив е секогаш добредојдена. Оттаму гестот на пеачот Дон за донирање на парични средства за набавка на храна е од голема важност и тоа не само од аспект на задоволување на потребите на семејствата туку и како еден позитивен пример во заедницата.”- изјави Марина Матеска, координатор на програмата „Патролната социјална работа“ во Црвен крст на град Скопје.
Предизвикот започнува од денес и трае се до крајот на месецот, заклучно со 30.06.2015 година, точно на полноќ.
Спотот е сниман на повеќе локации низ Македонија при што изобилува со прекрасна природна глетка. Покрај Дон во спотот се појавуваат и статисти кои го преточуваат текстот на песната во сликовита реалност, која воедно е случка од реалниот живот која секојдневно се случува.
Песната “Сама си крива” веќе е во етерот, а спотот веќе се наоѓа на официјалниот јутјуб канал на 2C продукција.