Сцена
ХУМАНИТАРНА ИЗЛОЖБА: Купи слика – подари живот за една мајка, сопруга и пред сè добар човек
За жал, со болеста нема компромис, потребно е навремено, брзо и ефикасно да се дејствува против неа.
„Купи слика – подари момент“ – вака ќе звучи уште една хуманитарна мисија чија цел е да ѝ помогне на нашата и ваша Маја Велјановска.
Станува збор за една прекрасна мајка, одговорна сопруга, најдобра колешка и пред сè човек на кој му треба малку ваша помош.
Па, затоа ве покануваме сите в сабота со почеток во 12 часот, во ланџ-барот „Бастион“ на улицата „Ленинова“, на изложбата на еден од најдобрите фотографи, Горан Десковски.
Со секоја купена фотографија паричните средства ќе бидат донирани за лекувањето на Маја, кое треба да се случи што поскоро во една приватна клиника во Будимпешта.
Една ваква мисија веќе направивме минатата недела. Беше успешна, а ништо помалку не очекуваме ниту од оваа.