МК Сцена
ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Љубов е кога Корчагинци играат на сцена за своите учители (ФОТО)
Хуманоста е како и креативноста, ја немаат сите, но и малубројните во име на хуманоста креираат многубројни добри дела.
Корчагинци, во име на љубовта за својата професорка Анкица, со сета своја креативност и добра воља направија многу со мали секојдневни ангажмани.
Спортски турнири, модни ревии, свирки, продавање училишни списанија и шеесет минутен мултикреативен настап на сцената на АРМ , на 10 април во 20ч. Еден повик и на сцената се обединија во еден здив, Корчагинци од сите четири години заедно со бившите корчагинци, сега студенти, кои ги паметат своите улоги, ритамот и музиката на мјузиклите во кои учествувале како гимназијалци.
„Во име на љубовта за проф. Анкица“ беше мозаик од разни настапи на Корчагинците, споени во име на љубовта и хуманоста. Доволно им беше само една проба за настап како на професионалци, комплетни на сцена, како и секогаш со пораката :
„Љубов е… Корчагин! Оваа вечер, Корчагин е љубов, вие и вашите хумани билети сте љубов, вечерва сите дишеме, мирисаме, танцуваме и пееме, се играме театар и глумиме во име на љубовта.. Но не глумиме љубов, вечер сме љубов. Љубов е кога учениците играат на сцена за своите учители. Вечерва, сите заедно во име на љубовта биеме со едно срце за нашата професорка ! ВО ИМЕ НА ЉУБОВТА и со љубов за проф. Анкица!!!“
Во продолжение погледнете дел од фотографиите: